Хорор во арената: Бик го нападна матадорот- преживеа три срцеви удари и тешки повреди (вознемирувачко видео)

Шпански матадор се здоби со сериозни повреди , откако бик два пати го прободе со роговите, по што тој имал три срцеви удари.

Бикот го прободе Маријан Де Ла Вина(57), оставајќи му рана од 27 сантиметри на препонот, бутната артерија и уште една рана од 22 сантиметри помеѓу ректумот и бешиката, а при тоа му е оштетена уште една витална артерија.

Матадорот учествувал на саемот Ел Пилар каде бикот го бутнал на земја, го прободел со родговите, го подигнал во воздух па го одвлекол, пред да го нападне и втор пат.

Пријателите и семејството рекле дека е вистинско чудо што преживеал, откако имал три удара поради тешките повреди кои му ги нанел бикот.

Итно е одвезенво болница, а состојбата му била толку лоша што докторот ги опишал повредите како „катаклизмични“ и рекол дека секој час се смета како шанса за преживување.

Неговата состојба е сериозна, но докторите велат дека засега е стабилен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега