Хорор среде бел ден во Скопје: Вооружени насилници врзале и нападнале студент дома

Во 15.04 часот вчера во СВР Скопје, било пријавено дека две лица среде бел ден извршиле разбојништво во домот на 24-годишниот Ј.С. на улица „Христо Татарчев“ во Скопје. Во полицискиот билтен пишува дека сторителите физички го нападнале и му одзеле пари и златен накит.

Според податоците на Пресс24, момчето инаку студент, било нападнато, а потоа заврзано за стол, му ставиле селотејп на устата и краделе што им дојде при рака. Се работело за двајца маскирани и вооружени сторители кои нападнале додека момчето си доаѓало дома.

 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.  

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега