Хорор на протестите во Судан: Седум лица загинаа

Организаторите на протестите во суданската престолнина Картум најавија дводневни штрајкови и граѓанска непослушност откако безбедносните сили употребија пукање и солзавец во понеделникот за да го растераат протестот против пучот, а лекарите соопштија дека се убиени седум лица.

Ова е еден од најкрвавите денови откако продемократските групи започнаа кампања на антивоени протести по државниот удар на 25 октомври и се заканува да го зголеми јазот меѓу воената моќ и големото протестно движење.

Безбедносните сили употребија солзавец за да ги спречат илјадниците демонстранти да напредуваат кон претседателската палата во Картум, изјави сведок на Ројтерс.

Тие, исто така, користеа боева муниција и шок гранати, соопшти Централниот комитет на суданските лекари.

Големи маси редовно излегуваат на улиците барајќи цивилно владеење откако со државен удар заврши воено-цивилниот договор за поделба на власта, договорен откако исламистичкиот автократ Омар ал-Башир падна за време на бунтот во 2019 година.

Воените водачи го вратија премиерот Абдула Хамдок во ноември во обид да ги заштитат економските реформи, но тој поднесе оставка претходно овој месец.

Лекарите велат дека безбедносните сили убиле најмалку 70 луѓе по пучот.

18.01.2022 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега