Повеќе од 300 мигранти кои минатото лето патувале кон Велика Британија биле киднапирани, мачени и уценувани со присилно одземање на органи во Либија од страна на локални милиции, пренесува светскиот сервис Би-Би-Си.

Жртвите, главно млади мажи од ирачки Курдистан, биле заробени откако избил спор меѓу киднаперите и шверцерот кој го организирал патувањето. Милициите барале откуп од 5.000 долари од секое семејство, со закана дека во спротивно ќе им ги извадат бубрезите.

Медиумот стапил во контакт со дел од преживеаните мигранти кои веќе се вратени во своите домови по плаќањето на откупот.

„Би-Би-Си разговарала со некои од заложниците кои оттогаш се ослободени и видела фотографски докази дека присилните операции навистина се случиле.“

Според сведочењата, условите во заробеништво биле нехумани, а мигрантите со месеци биле чувани во преполни простории без сончева светлина.

„Поранешните притвореници покажале докази за тортура и рекле дека биле држени во тесни услови, со до 180 лица кои делеле ќелија.“

Локалните власти од Курдистан потврдуваат дека и покрај ваквите трагични случаи каде дел од мигрантите го губат животот, протокот на луѓе кон Европа не запира.

„Најтажниот дел од оваа работа е што не учиме – вели Мерани.“

Exit mobile version