Грчката полиција отвори опсежна истрага откако на дното на вештачко езеро во познат хотелски комплекс во Ситонија биле пронајдени човечки остатоци. При чистење на езерото на почетокот на овој месец, работниците пронашле човечки череп и коски, што предизвика шок кај вработените и гостите.
Според информациите објавени во медиумите, првичните проценки на форензичарите се дека остатоците се наоѓале во водата многу долг период. Полицијата во моментов ги пребарува архивите на исчезнати лица, не исклучувајќи ниту една можност за тоа како телото завршило во езерото.


