Вчера околу 17:30 часот, во СВР Скопје М.М.(47) од Скопје пријави дека во населбата Бардовци, неговиот деветгодишен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а потоа вујкото на едниот малолетник му упатил закани на М.М..

Исто така, на 24.05.2026 околу 17:30 часот во СВР Скопје, 53-годишната Ј.Д. од Скопје пријави дека по претходна расправија со друг малолетник, нејзиниот 11-годишен син бил физички нападнат од М.М.(47), кој го качил малолетникот во своето возило и таму физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version