Хорор: Британка мислела дека двете деца ѝ починале во трагедии, но ги убил нејзиниот партнер

Скршената Лора Греј со години ги оплакувала своите две деца, верувајќи дека останала без нив во одвоено страшни трагедии. Тоа било незамисливо страдање, поголемо од тоа што која било мајка треба да го поднесе. Меѓутоа, уште повеќе болка и страдање следеле кога ужасната вистина излегла на виделина. Нејзиниот поранешен партнер ги убил 24-дневниот Руби и 21-месечниот Логан во изопачен обид да ја натера Лаура да остане со него, пишува „Дејли мирор“, пренесува хрватски „Индекс“.

Лора денес вели дека ја прогонуваат мислите за тоа како умреле нејзините малечки деца и дека е растргната од вината што не можела да ги спаси од Џордан Монаган.

„Постојано се чувствувам виновна, секоја ден се чувствувам виновна и постојано ми се врти во главата дали сум можела да направам нешто поинаку. Го носам тоа со себе секој ден. Ќе го носам со себе до крајот на мојот живот“, вели 29-годишната Лора.

Вистината излегла на виделина пет години по смртта на децата

Малата Руби била задушена во колевката во семејната куќа во Блекбурн. Осум месеци подоцна, Монаган го убил Логан во кабината на базенот, за потоа да го однесе неговото тело дома во детска количка. Лекарите заклучиле дека Руби имала воспаление на белите дробови, додека причината за смртта на Логан не може да се утврди. Лаура никогаш не се посомневала дека децата умреле од рацете на нивниот татко.

Но, пет години подоцна, во 2018 година, на виделина излегле информации за смртта на уште едно дете, а полицијата го уапсила 30-годишниот градежен работник Монаган под сомнение за убиство. Она што е уште позастрашувачки е, додека бил излезен со кауција и во тек била истрагата, ја убил својата девојка Иви Адамс (23) со смртоносен коктел од трамадол и дијазепам.

Во декември, Монаган бил прогласен за виновен за три убиства и два обиди за убиство на неидентификувано дете. Осуден е на минимум 40 години затвор. Застрашувачки, се покажало дека се обидел да ја задави Руби неколку дена пред нејзината смрт.

18.01.2022 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега