Хорокоп за недела: Лош ден за еден знак, го очекува прекин на врската

ОВЕН

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува контакт со медиумите и излегување во јавност. Оставате впечаток на личност на која може да се потпрат надредените. Брачниот партнер е љубоморен и прави непотребна сцена. Стабилно здравје.

БИК

Поволен ден за давање отказ и прифаќање на нова понуда. Ако сте слободни, заинтересирани сте за личност која е или далеку, или е зафатена. Дигестивниот систем е проблематичен.

БЛИЗНАЦИ

Завршувате или соработка, или проект и се чувствувате исцрпено. Задоволни сте како емотивната врска се развива. Партнерот има многу разбирање за вас. Уморни сте и ви треба одмор.

РАК

Работната ситуација е стабилна. Имате многу обврски, но уживате во нивната реализација. Врската ја прекинувате без никакви шанси некогаш да ја обновите. Одлично здравје.

ЛАВ

Ве очекува разговор со надредената личност. Таа е задоволна од вашите резултати и има на ум нови задачи за вас. Влегувате во врска, и се чувствувате многу добро. Имате впечаток дека врската има голем потенцијал. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува зголемен обем на работа. Презадоволни сте од работна експанзија. Ве очекува ново познанство со самоуверена и отворена личност. Притисокот е нестабилен.

ВАГА

Не сте фокусирани на работата. Сонувате за некоја нова, подобра и креативна работа, додека моменталната не ве интересира. Ако сте слободни, нема најава за влегување во врска, поради што лошо се чувствувате. Наклонети сте кон инфекции, а имате проблеми и со бубрезите и главата.

ШКОРПИЈА

Во случај да се занимавате со приватен бизнис, многу сте загрижени поради застојот во оваа област. Бракот е во сериозна криза. Се соменвате дека брачниот партнер не ви е верен. Преку тоа не може да поминете. Избегнувајте цигари и алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Самоуверени сте, вредни и оптимистични. Работата се одвива многу подобро од што се очекувале. Уживате во работата и презадоволни сте од успехот. Емотивниот партнер е љубоморен и наклонет кон правење сцени. Чувствителни гениталии.

ЈАРЕЦ

 

Ве очекува нова понуда која ви делува ветувачка. Кога ја анализирате, сфаќате дека треба да ја одбиете. Ве очекуваат сериозни проблеми со емотивниот партнер. Неговата доверба е разнишана. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

На краткиот службен пат денеска заминувате максимално подготвени и постигнувате соработка. И покрај богатиот социјален живот, не успевате да запознаете личност која емотивно би ве заинтересирала. Солидно здравје.

РИБИ

Ве очекува краток службен пат на кој минувате брилијанто поради што се чувствувате семоќно. Ако сте во врска, размислувате на тема брак. Сакате партнерот да го поттикне тоа прашање, но тој тоа не го прави, па вие споменувате брак. Наклонетост кон инфекции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа