Холштајн: Германија и натаму ќе остане силен поддржувач на Македонија

Амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн во интервјуто за Телвизија 24 се осврна на договорот од 1963 кога со историскиот Елисејски договор се смирија Франција и Германија и кој се обновил пред две години. Како што истакна амбасадорката, тој договор е склучен 18 години по крајот на Втората светска војна и ставил крај на т.н. „исконско непријателство меѓу двете земји, со што се создала политичка, правна и симболична основа за заедничка соработка. Во однос на Европската унија, таа смета дека тоа е заедница на вредности.

„Тоа се демократијата, правната држава, независното судство, слободните медиуми и целосна еднаквост за сите. Тоа се вредности на кои ЕУ како целина почина и тоа е и нашиот слоган „единство во разноликост“. Не смееме да толерираме во земји-членки да има развои кои се далеку од тие вредности. “ - истакна Холштајн.

Истотака, рече дека и со Елисејскиот договор, не се споменувале пречки од типот на идентитет, јазик и историја помеѓшу Франција и Германија. Потенцираше дека Германија и натаму ќе остане силен поддржувач на Македонија и дека е вано да се искористи времето за реформи и Европа да се донесе во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа