Холивудски актер тужи руска компанија, бара 10 милиони евра

Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер ја тужи руската компанија „Промобот“ зашто без дозвола го користела неговиот лик за правење нов робот-двојник.

Од компанијат,а која го застапува Шварценегер е објавено дека руската фирма го злоутребила правото на актерот на појавување во јавност. Подносителите на тужбата бараат да се прекине да се користи ликот на Шварценегер и да му се исплатат 10 милиони долари заедно со приходите од прикажувањето на роботот.

Како што се наведува во тужбата, руската компнија користи робот-двојник на јавни настани за рекламирање и ги продава своите производи.

По прикажување на роботот на изложба „ЦЕС“ во Лас Вегас во јануари, адвокатот на Шварценегер, Марти Сингер се обратил до руската компанија со барање да престанат да го користат ликот на холивудската ѕвезда.

Руската компанија наводно, рекла дека ќе престане да го користи роботот, но во февруари оваа година бил претставен на изложба на играчки во Њујорк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега