Холанѓанец прегази пешак во Скопје

 

Вчера утрината околу 09:00 часот на  булеварот „Никола Карев“, во Скопје, патничко возило „БМВ 530“ со холандски национални ознаки, управувано од 30-годишниот А.А. од Холандија, удрил во 62-годишниот пешак Џ.Р. од село Визбегово, скопско. 

Од ударот Џ.Р. се здобил со тешки телесни и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

17.08.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега