Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, сподели Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил.

До сега, Договорот го ратификуваа 26 земји членки, и тоа: Албанија, Данска, Полска, Грција, Турција, Белгија, Германија, Португалија, Естонија, Луксембург, Бугарија, Летонија, Романија, Канада, Италија, Хрватска, Литванија, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Република Чешка и последно, Соединетите Американски Држави и Холандија.

Остануваат уште три држави кои треба да го ратификуваат Пристапот на земјата во НАТО Алијансата. Тоа се Исланд, Франција и Шпанија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега