Холандскиот парламент го призна турскиот масакр врз Ерменците за геноцид

 

Холандскиот Парламент денеска со големо мнозинство усвои Резолуција со кој се признава „ермескиот геноцид“ во Османлиската Империја, постапка која се очекува да предизвика тензиите во односите меѓу Хаг и Анкара.

Долниот дом на Парламентот со 142 гласа „за“ и три „против“ го усвои документот во кој масовните убиства на Ерменците во Османлиската Империја за време на Првата светска војна се оквалификуваат како геноцид.

Освен тоа, Парламентот одлучи да испрати претставник на Холандија во Ереван на 24 април, кога ќе се одржи комеморација за жртвите масовните убиства на Ерменците во 1915 година.  

Досега околку десетина други држави од ЕУ донесоа слични резолуции. 

Турција негира дека убиствата на Ерменците биле геноцид.

Според историските податоци за време на Првата светска војна во Османлиската Империја биле убиени околу 1,5 милиони Ерменци. Многу научници сметаат дека тоа е првиот геноцид во дваесеттиот век. 

 

 

 

22.02.2018 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа