Хоџа се тестираше, на ред се Заев и Нуредини, откако Спасовски соопшти дека е позитивен на Ковид 19

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својата официјална Фејсбук страна соопшти дека е позитивен на вирусот Ковид 19 и покрај тоа што ги почитувал сите мерки за заштита. Тој кажа дека засега има благи симптоми и дека останува во самоизолација.

Иако Спасовски вчера присуствуваше на настан на кој беа и премиерот Заев, како и министрите за земјоделство и за животна средина, Арјанит Хоџа и Насер Нуредини, сепак од Владата, но и лично министерот Хоџа, за Плусинфо кажаа дека ги почитувале мерките и дека според протоколите не се обврзани да одат во самоизолација.

И покрај ова министерот Хоџа утрово се тестирал за да потврди дали е негативен на ковид-19.

– Иако вчера бевме на настан со министерот Спасовски, сепак сите присутни држевме дистанца, носевме маски и не се ракувавме. Според протоколите, не сме обврзани да бидеме во самоизолација. Сепак, поради моја, но и сигурност на тимот со кој работам и моето семејство утрово се тестирав на ковид-19 и ги чекам резултатите – вели министерот Хоџа за Плусинфо.

 Премиерот Зоран Заев кој заедно со него во неделата присуствуваш на конгресот на СДСМ, премиерот и претседателот на СДСМ за ТВ21 вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.

„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега