Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството

 По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денеска портпаролот на Владата на Северна Македонија, Муамет Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.

– Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави, рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега