Хоџа: Првата фаза од Пописот е успешно завршена

Првата фаза од Пописот успешно заврши и беа опфатени вработените од Дипломатско-конзуларните претставништва, припадниците на АРМ во странство, затворениците и бездомниците.

Самопопишувањето на дијаспората продолжува и се одвива без проблеми, а отстранети се сите технички проблеми. Досега се попишани над 82 илјади наши сограѓани од странство. Најмногу од Швајцарија – 26 илјади, Германија – 19 илјади и Италија со над десет илјади самопопишани граѓани.

Завршени се обуките на државните инструктори, кои заедно со комисиите на пописните региони ќе го организираат тестирањето на кандидатите кои се пријавуваат на дополнителниот Конкурс за попишувачи, кој е отворен до утре.

Попишувачите ќе имаат можност да заработат хонорар и до 35 илјади денари и ќе бидат на терен од 1 до 21 април годинва. Најголем од досега пријавените се студенти и невработени.

Ова го порача на заедничка прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

Претставникот на Министерството за прадва Александар Видиновски, информираше дека пописот се одвива успешно во воспитно поправните домови и затворите.

– Се помина успешно и од Управата за спроведување на санкции не е пријавено дека некое лице се заболело од корона вирусот за време на попишувањето. Нешто што потврдува дека здравствените протоколи функционираат на терен, порача Видиновски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега