Хоџа: Мерките не се експедитивни, се носат бавно, а малите и средните компании се на работ на пропаст

Претседателот на Стопанската комора на Сверозападна Македонија, Неби Хоџа во гостувањето на Топ тема истакна дека компаниите не се задоволни од сетот економски мерки на владата и оти само 33 отсто од нив фунцкионираат нормално, а другите со скратен капацитет, односно со редуцирано работно време.

-Мерките не се донесуваат експедитивно, се носат на бавно, а бизнисот очекува побрзи реакциии од страна на Владата, вели Хоџа.

Спасовски негираше дека мерките и реакциите од владата се бавни. Вели дека сите заедно, вклучително и компаниите треба оваа криза да ја поднесеме на сопствен грб.

Хоџа, пак, вели дека треба да се има појасна слика, но и дека мерките треба да се споредат во однос на регионот.

-Ние сме затечени со компании коишто се во тешка ситуација.Ние во регионот заостануваме со мерки, а во Албанија и Косово, на пример, мерките коишто таму се донесени се на повисоко ниво во однос на одржување на ликвидноста на компаните, особено малите и средните компании кои морам да кажам дека се на работ на пропаст, и мора да се одржуваат ликвидни, прашањето е колку државата има моќ и финансии да го користи буџетот за да се одржат компаниите, вели Хоџа.

Според него,постојат компании кои имаат долгови од страна на државните институции за кои било побарано прво тие да се расчистат.

 

-Ние не бараме поклон.Бараме краткотрајна помош ,зашто ако сметаме дека 80 отсто од вкупниот број на компании се мали компании, односно со од 1 до 10 вработени и те како придонесуваат во економијата на државата, и со ваков вид краткотрајна помош би се вратиле во функционирање, рече Хоџа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега