Хитлер не се убил во бункер: Во Аргентина една година подоцна се дружел со Павлиќ

Официјалната верзија за смртта на Хитлер според која тој и Ева Браун на 30-ти април се убиле е многу коментирана преку различни теории меѓу кои и бегството во Аргентина. Токму таквата потврда за животот во Аргентина стигна од Хрватска, од внукот на Тончи Чурковиќ.

„Анте и Адолф биле големи пријатели. Како да се знаеле цел живот. Некогаш биле сериозни кога се присетувале на тешките времиња, но имале и такви момети кога се присетувале на шегите и кога се однесувале како да се браќа. Изгледало како да пораснале заедно“ - зборуваат братот и сестрата кои денес живеат во Загреб, но родум од некој далматински остров.

Тие замолиле нивните имиња да не бидат објавени, а за возврат ќе ја раскажат приказната која засведочена со фотографии им ја раскажувал нивниот дедо Тончи. Тој во триесеттите години на минатиот век се отселил во Аргентина каде што водел успешна работа пред да се врати со неговото семејство во Хрватска.

Чурковиќ е еден од неколкуте Хрвати кои сведочеле за честите состаноци помеѓу нацистичкиот лидер Хитлер и основачот на фашистичкото усташко движење Анте Павелиќ.

Во бројните теории за хитлеровото лажирање за самоубиството и животот во Јужна Америка се спомнувале и средбите со Павелиќ.

Сепак дека Хитлер и Павелиќ навистина се сретнале за првпат потврдиле внуците на Чурковиќ, чиј дедо учествувал на состаноците на Хитлер и Павелиќ.

Стари пријатели

Иако некои наведуваат дека првиот состанок помеѓу Хитлер и Павелиќ се случил во 1953-та година, внуците кажуваат дека нивниот дедо првпат сведочел за нивната средба кон крајот на 1954-та година.

Чурковиќ бил запознат со фактот дека Павелиќ веќе со години живеел во Аргентина, но немал никаков допир со тоа. Тој бил замолен одвреме-навреме да го отстапи својот дом на Павелиќ за да се сретне со “својот стар пријател“. Тие поминале еден ден заедно, а утредента се појавил гостинот.

Секако дека тоа бил Адолф Хитлер лично. Чурковиќ на своето семејство детално им раскажал како изгледала таа средба.

Хитлер не се променил многу, овен тоа што ги немал карактеристичните мустаќи и малку “полошо“ одел. Штом се појавил на вратата, Павелиќ излегол топло да го прегрне и да му помогне да пријде до масата. Долго разговарале, се присетувале на воените денови, зборувале за своето детство и семејства, нои правеле планови за иднината. Таквите состаноци се повториле повеќепати во домот на Чурковиќ.

Биле како стари пријатели, денес објаснуваат внуците и додаваат дека состаноците помеѓу Хитлер и Павелиќ не се оддржувале само кај Хитлер туку и на други локации, особено во домот на Павелиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега