Хит зимница за оваа сезона: Смрзнати филети од пиперки за ајвар

Во екот на сезоната за зимници ви предлагаме да си подготвите филети од црвените пиперки за ајвар и да си ги замрзнете за во зима.

Ви требаат црвени пиперки за ајвар. Колку што сакате да ставите, толку купете.
Измијте ги добро и почнете да ги печете, стандардно, како за ајвар.
Откако ќе ги испечете, ставете ги во кеса, додека се топли за да се лупат полесно.
Штом малку се оладат, излупете ги и извадете им ги дршките и семките.
Излупените и исчистени пиперки ги разделуваме една по една и ги ставаме во кесички за замрзнување. Во секоја кесичка ставете по желба, онолку пиперки колку што ви требаат за еден ручек, или пак за едно мезе.
Замрзнете ги во фрижидер и консумирајте ги по желба.
Им требаат неколку часа за да се одмрзнат. Потоа, со нив можете да правите се што сакате. Можете да ги користите за пинџур, салати, но и да ги јадете како филети. Ви предлагаме да ги посипете со малку оцет, маслиново масло и да ги зачините со лук, сол, бибер и магдонос.
Уживате цела зима.

 

 

 

 

17.09.2018 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега