Хилари Клинтон: Сакам жена да биде претседател на САД

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон изјави дека би сакала за време на нејзиниот живот жена да стане претседател на САД, со што се засилија шпекулациите дека планира во 2016 година да се вклучи во трката за Белата куќа.

- Јас навистiна се надевам дека додека сум жива ќе добиеме жена претседател... Дали тоа ќе се случи на следните избори или по нив, ќе зависи само од жените кои ќе решат да се впуштат во тој политиочки процес, изјави Клинтон за време на приватна посета на канадскиот град Торонто.

Иако по четиригодишниот мандат како државен секретар кон крајот на 2012 година изјави дека и треба одмор од политика, многумина аналитичари сметаат дека 65-годишната Хилари Клинтон сепак ќе биде кандидат на следните претседателски избори.

најчитано сега