Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми.

Главните автопати кои водат до премините Јариње и Брњак беа блокирани со тешка механизација што ја поставија незадоволните граѓани во понеделникот наутро, откако специјалните единици на косовската полиција пристигнаа на двата премини со намера да ја спроведат одлуката на косовската влада да ги замени регистарските таблички.

Според натписите на медиумите, наводно, бројот на демонстранти се намалил во текот на ноќта поради ниските температури, но многумина останале околу огнот што го запалиле.

Во меѓувреме, патиштата што водат до Јариње, како и до Брњак, сè уште се блокирани со долги редови тешка механизација, поставени од српското население.

Српските медиуми јавуваат дека припадниците на „Росу“ се опремени со блиндирани возила, долги цевки, шок-бомби, а ситуацијата е мирна но напната.

Макфакс

22.09.2021 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега