Хеликоптер се сруши над зграда во Истанбул- има загинати

Денес се сруши хеликоптер над зграда во резиденцијалниот дел во Истанбул, потврдува за турските медиуми гувернерот на градот Али Џерликаја.

Хеликоптерот се срушил откако добил наредба за присилно слетување, а според првите податоци тоа се случило поради технички проблеми. Според првичните информации четири лица загинаа. 

"За жал, четири наши војници загинаа", изјави гувернерот Али за новинарите.

Али рекол дека освен овие четири војници, никој друг не е повреден, а нема ниту повредени цивили откако хеликоптерот се урна во подрачјето Чекмекој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега