Хејли ги отвори картите: САД не си заминува од Сирија додека не исполни три цели

 

САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели, изјави вчера американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втора - целоно да биде поразена групата Исламска држава и трета - да се создаде добра позиција за следење на активностите на Иран. 

- Наша цел е американските сили да се вратат дома, но нема да си заминеме се додека не бидеми сигурни дека сме ги оставриле овие три работи, изјави Хејли во интервју за телевизијата Фокс. 

 

 

 

16.04.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега