Хавајскиот пекол станува се полош: Вулканска лава се приближува кон геотермалната централа (видео)

 

Лавата која се излила од пукнатините на земјата по ерупцијата на вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваите, денеска стигнала до делот каде што се наоѓа геотермалната централа.

Ова е дополнителна опасност што може да предизвика огромни штети.

 

Откако на 3 мај почнаа да се појавуваат пукнатини во земјата од кои лавата почнала да се излева, властите ги затвориле електричните централи.

Тие отстраниле 60.000 боци со запаливи течности и ги деактивирале бунарите, а властите потенцираат дека се уништени речиси 50 објекти, вклучувајќи и десетина куќи.

 

 

 

 

27.05.2018 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега