Хасани: Со Филипче даваме максимални напори – не сме најдобри во светот, но сигурно дека сме многу добри во регионот

Можеби се очекува од мене да кажам дека состојбата во здравствениот систем е многу добра. Генерално ние се бориме, тоа е најважно. Заедно со министерот Филипче ние секојдневно се бориме максимално за здравствениот систем да го издржи овој напад, овој бокс кој што го добивме од нигде некаде. Ова е тешка ситуација во која што здравствените системи во цел свет се најдоа. Сигурно не сме најдобри во светот, но сигурно дека сме многу добри во регионот на начинот на кој што пристапивме – почитувајќи го и вирусот, граѓаните, медиумите и почитувајќи се и самите себе си, изјави во Утрински брифинг д-р Илир Хасани, заменик министер за здравство.

-На крај памет не ни беше ни на мене како заменик, ни на министерот Филипче дека ќе се занимаваме со микронска, нано заразна материја која што ќе ни го поремети комплетно системот и стратегиите кои ги имавме. Така што ова е ноќна мора на сите кои се наоѓаат во раководењето на здравствениот систем, но генерално сметам дека добро се снајдовме во овој период, вели Хасани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега