Хасани: Како земја која се стреми кон ЕУ, очекувам органите да ги истражат сомнежите кои се појавија во медиумите за Коридорот 8 и 10Д

Башким Хасани од „Огнената група“ во ДУИ во гостување на „Топ Тема“ на ТВ Телма истатакна дека како и сите граѓани сака да ги види коридорите 8 и 10Д завршени, но и дека очекува обвинителството да ги истражи бројните факти за злоупотреби кои се појавија во медиумите.

„За одредените сомнежи веќе во медиумите се пласирани и доказни материјали и од одредени политички партии за наводни сомнежи и недостатоци, односно субјективни критериуми поставени од ЈП „Државни патишта“. Друг сомнеж дали ќе заврши навреме или ќе почне навреме е и тоа што е една влада или држава што е целосно ориентирана за европска интеграција каде што има американска компанија ангажирана за изведна, за надзор избира фирми, компании поврзани со руски или кинески структури. И ова е еден голем сомнеж. За првпат една кинеска компанија да врши надзор врз една американска компанија“, рече Хасани.

Тој додаде органите треба да ги истражат сите овие наводи и пренесени факти по медиумите, бидејќи земја која веќе има отворено преговори со ЕУ со сите овие наводи треба со сериозност да ги третира случаите поврзани со корупција, бидејќи се работи за парите на граѓаните.

17.03.2023 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега