Хари и Меган со најновата изјава би можеле да разбеснат милиони Британци
Принцот Хари и Меган Маркл во разговор со челниците од организацијата „Queen’s Commonwealth“ истакнале дека Велика Британија мора да го признае незгодното минато за да може да тргне напред, пренесува британски Телеграф.
-Толку многу луѓе направи неверојатна работа признавајќи го мминатото и обидувајќи се да ги исправат неправдите, но мислам дека сите знаеме оти има уште многу да се направи, истакнал Хари говорејќи за историските неправди вклучувајќи ја и трговијата со робови.
Според него, нема да биде лесно, но тоа мора да се направи бидејќи сите ќе имаат корист од тоа.
-Да се зборува за тоа сега е малку незгодно, но само со решавање на таа неудобност ќе стигнеме на другата страна. Рамноправноста никого не става во пониска ситуација, туку сите не поставува на ист темел, што е основното човечко право, истакнала Меган.
Овие изјави не го прикажуваат Британското Кралство со кое владеле претците на Хари во најдобро светло, а се противи и на протоколите според кои, членовите на кралското семејство не смеат да даваат политички коментари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа