Хари и Меган официјално престануваат со кралскиот живот

Кога војводата и војвотката од Сасекс најавија дека ќе се одрекнат од своите кралски улоги за да станат финансиски независни, тоа стана тема на интензивни расправи во Британија и пошироко.

-Војводата и војвотката од Сасекс повеќе би сакале во наредните недели и месеци фокусот да биде на глобален одговор на Ковид-19. Меѓутоа, препознаваме дека постојат нерешени прашања кои се однесуваат на нивната иднина по излезниот период, изјави нивниот портпарол.

По завршување на периодот Хари и Меган нема повеќе да го користат името „Сасекс ројал“ за својата непрофитна органиација, веб-сајт или профили на Инстаграм.

Од денеска ќе биде окончано времето на нивната работа како кралски личности и ќе почне нивниот нов живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега