Хари и Меган ќе престанат да ги извршуваат кралските дожности на крајот на март

Хари и Меган повеќе нема да извршуваат должност во име на кралицата.

Војводата и војвотката од Сасекс и официјално ќе отстапат од кралските функции на 31 март, изјави нивниот портпарол.

Повеќе нема да исполнуваат должности во име на кралицата, но условите повторно ќе бидат разгледани по 12 месеци.

Претходно годинава, Хари и Меган најавија дека ќе се откажат од кралските должности за да станат финансиски независни од кралското семејство.

Тие на кратко ќе се вратат во Велика Британија кон крајот на месецот. Парот планира да помине време во Обединетото Кралство и Северна Америка, а нивниот портпарол изјави дека по 31 март „редовно“ ќе бидат во Велика Британија.

Парот ќе присуствува на шест настани во Британија во текот на февруари и март, меѓу кои е и церемонијата по повод Денот на Комонвелтот, 9 март.

-Бидејќи повеќе нема да извршуваат кралски должности, повеќе нема да има потреба за канцеларија во Бакингемската палата. Од први април ќе ги претставува нивната британска фондација, рече портпаролот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега