Хари и Меган го открија полот на своето второ дете

Британскиот принц Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39) во ексклузивното интервју со американската водителка Опра Винфри го открија полот на своето второ дете.

Двојката откри дека нивното второ дете, кое треба да се роди налето, е девојче и поради тоа, признаваат тие, се неверојатно возбудени.

Веста дека очекуваат второ дете беше симболично објавена на Денот на вљубените.

Хари и Меган го имаат синот Арчи, кој во јули ќе наполни две години.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега