Хаос во Желино: Поплавени земјоделски површини, патишта и куќи

Денеска 25.01.2022 се случи поплава во населеното место с.Требош во Општина Желино.

„Поплавата е од надојдените води од Поројска Река и поплавено е земјоделска површина, патишта, а во 3 куќи има навлезено вода во подрумските простории и истото е пријавено од страна на граѓаните до ЕЛС Желинио.

Превземени се мерки од страна на ЈП МИРМБАЈТЈА за да се исчисти коритото на реката и влезот на селото Требош. Известени се РЦУК Тетово, ДЗС Тетово и ПС Групчин.

Градоначалникот на Општина Желино заедно со Раководителот на РЦУК Тетово се излезени на терен и во моментов механизација работи на местото каде е пробиено речното корито“, велат од Центарот за управување со кризи.

 
25.01.2022 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа