Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги разреши министерката за енергетика Свитлана Гринчук и министерот за правда Герман Галушченко од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
Претходно, двајцата поднесоа оставки од своите министерски функции поради истрагата на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) за наводни злоупотреби во енергетскиот сектор.
Советот за национална безбедност и одбрана на Украина е составен од членови на Владата, раководителите на безбедносните служби, генералниот обвинител, првите луѓе на Централната банка и претседателот на Националната академија на науките. Советот го води претседателот на Украина, додека секретарот е одговорен за организациските задачи и директно го информира шефот на државата.
Врховната рада на 18 ноември ќе расправа за официјалното разрешување на двајцата министри од нивните функции.

