Хаос во САД: Редици за гориво, тотално лудило на источниот брег

 

Бензинските станици на американскиот источен брег почнуваат да остануваат без гориво поради тоа што се уште закрепнуваат од сајбер-нападот кој во петокот ги стопирал операциите и предизвикал загриженост поради скокот на малопродажната цена на бензинот.

Хакерскиот напад кој бил извршен во петокот бил еден од најтемелните некогаш пријавени сајбер напади и предизвикал бројни апели до законодавците да ги засилат мерките за заштита на американската енергетска инфраструктура од хакерски напади, пренесува "Reuters".

 

Од компанијата "Colonial pipeline", една од најмоќните американски компании за дистрибуција на нафта и нафтени деривати, било соопштено се продолжува со анализа на ефектите од привременото блокирање на операциите и дека се работи на "обнова на услугите", но не е потврдено кога работата на компаниите ќе се врати во нормала.

"Colonial pipeline" дневно дистрибуира околу 2,5 милиони барели бензин и други горива од своите рафинерии на брегот на Мексиканскиот залив до потрошувачите во источните и централните делови на САД.

Компанијата за сајбер безбедност, "Огнено око" била ангажирана да одговори на овој напад, но засега не го коментирала случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега