Хаос во Москва: Над 3.500 демонстранти уапсени на протестите за ослободување на Навални

Над 3.500 демонстранти се уапсени на вчерашните протести низ Русија за поддршка на уапсениот опозициски лидер, Алексеј Навални.

 

"Според прелиминарните проценки, вкупно 300 малолетници се приведени во различни руски региони. Тој број е околу 70 во Москва, а околу 30 деца во Санкт Петербург", напиша Кузнецова на својата веб-страница, пренесува Тасс.

Обвинителството отворило и кривични постапки бидејќи собирот не беше дозволен од страна на властите.

Отворена е постапка и поради насилство врз полицијата.

„Врз основа на резултатите од предистражните истраги спроведени од истражните органи на Главниот оддел за истраги во Москва на Истражниот комитет, беа покренати кривични случаи според член 318 од Кривичниот законик на Русија (употреба на насилство врз јавен службеник), член 167 од рускиот кривичен законик (намерно уништување или оштетување на имот) и член 213 од рускиот кривичен законик (хулиганство) “, изјави портпаролката на московското одделение на руските истражни комитети, Јулија Иванова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега