Хаос во Црна Гора: Утрово уапсен градоначалникот на Будва

Општинските власти и граѓаните се собраа рано утрово во просториите на Општина Будва, откако десетина комбиња полни со полиција пристигнаа и го уапсија градоначалникот, Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание , Крсто Радовиќ, пред зградата на локалната самоуправа.

Уапсени се и менаџерот на Општина Будва, Мило Бошовиќ, секретарот за инвестиции, Младен Микиељ, Никола Јовановиќ, шефот на кабинетот на Царевиќ, како и Ѓорѓе Вујовиќ, советник на Царевиќ. Уапсени се и синот и братот на Марко Царевиќ.

Претходно, полициски кордон се обиде да воведе Управна инспекција во општинската зграда но не им беше дозволен пристапод страна на Царевиќ и Радовиќ. Полицијата употребила хемиски средства, а прозорците на зградата на Општината биле искршени.

Поставени се полициски кордони околу зградата на општината, а градскиот булевар беше блокиран 

"Ако Административната инспекција дојде за време на работното време, ние сме целосно отворени, нема потреба да ја правиме оваа опсада и окупација на Будва. Овој вид окупација не се памети ниту при најголемите окупатори во оваа област. Ние ги почитуваме законите на оваа земја. ", рече Царевиќ утрото пред апсењето.

Четворица пратеници на Демократска Црна Гора беа во канцеларијата на Радовиќ како поддршка. Во зградата имало повеќе од 100 луѓе, вратите на Општината биле блокирани, како и официјалниот влез каде било паркирано возило.

Пред зградата на Општината се поддржувачи на Демократскиот фронт (ДФ), Демократска Црна Гора, Социјалистичката народна партија (СНП) и Граѓанското движење УРА.

Вчера, Царевиќ поднесе кривична пријава против тројца инспектори на Управната инспекција, како и против членот на Управниот одбор на ДПС, Снежана Куч и локалниот лидер на  Црногорска, Владимир Булатовиќ, за „злоупотреба на службената положба, создавање криминална организација за насилно преземање и упад во службени простории“.

Претходно вчера, на службените лица од Управната инспекција при Министерството за јавна администрација им беше оневозможено да ја потврдат одлуката за новото парламентарно мнозинство во во Општина Будва, со која беа отстранети Царевиќ и Радовиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега