Хаос во Црна Гора: Со автомобил влета меѓу насобраните луѓе- прегази неколку лица, па бесната толпа го претепа (ВИДЕО)

Неколку лица се повредени во близина на кружен тек во црногорскиот град Никшиќ откако возач на автомобил БМВ удрил во група на луѓе кои ја прославувале изборната победа на опозицијата на вчерашните избори.

Од полициската управа соопштија дека има повеќе повредени, додека едно лице е во тешка состојба после инцидентот. Предниот дел на автомобилот е целосно уништен, што најдобро сведочи за силината на ударот.

На социјалните мрежи се појави и видео кое е направено непосредно после инцидентот во вториот град по големина во Црна Гора.

Да потсетиме, споре резултатите од вчерашните избори, опозицијата освои мнозинство мандати, што значи дека Демократската партија на Мило Ѓукановиќ после 30 години се сели во опозиција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега