Сите граѓани кои планираат новогодишната ноќ да ја поминат во Албанија или патуваат кон западниот сосед, треба итно да ја променат својата рута. Патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е во целосен прекин веќе повеќе од 24 часа.
Причината е превртена цистерна која го попречила коловозот. Од СВР Охрид за МИА информираат дека иако екипите се на терен, поради „технички причини“ цистерната сè уште не е отстранета.
За да не заглавите во колони, полицијата апелира да се користат алтернативните премини:
- ГП Свети Наум (кај Охрид)
- ГП Блато (кај Дебар)

