Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени, додека земјата се соочува со четвртиот ден од делумниот прекин на работата на федералната влада, кој предизвикува сериозни проблеми во авиосообраќајот.
Според податоците од веб-страницата за следење летови FlightAware, денеска биле откажани над 1.550 летови, а речиси ист број биле одложени. Вчера, пак, ситуацијата била уште потешка — откажани се 2.950 летови, а повеќе од 10.800 биле одложени, што претставува најтешкиот ден за американската авијација од почетокот на делумниот „шатдаун“ на 1 октомври.
Главната причина за колапсот се намалените капацитети за контрола на летање и недостигот на персонал во федералните служби задолжени за надзор и координација на авионскиот сообраќај.
Авиокомпаниите предупредуваат дека, доколку владата не постигне договор за повторно финансирање на институциите, одложувањата и откажувањата може да продолжат и наредните денови, што би имало сериозно влијание врз милиони патници низ целата земја

