Хамас истрела 130 ракети кон Тел Авив

Палестинскиот Хамас вечерва соопшти дека истрелал повеќе од 130 ракети во правец на Тел Авив како одговор на израелскиот воздушен напад што уништи станбена зграда во Газа.

 

„Сега го исполнуваме ветувањето со голем ракетен напад врз Тел Авив и неговите предградија, со 130 ракети, како одговор на непријателските гаѓања врз станбени кули”, се вели во соопштението на вооруженото крило на Хамас.

 

Сирените за воздушен напад се активираа во Тел Авив и се слушнаа и неколку експлозии.

Во екот на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, израелската авијација рано денеска ракетираше 13-катна зграда во Газа, која целосно се урна.

Жителите на зградата беа предупредени за нападот и евакуирани еден час пред израелските ракетни напади.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега