Хали Бери грациозно старее: Најголем плус за една зрела жена е да биде сигурна во својата кожа
Оскаровката целосно го прифаќа фактот дека е во своите 50-ти и смета дека најголем плус за една зрела жена е да биде сигурна во својата кожа и да не дозволи да ја вознемирува мислењето на луѓето.
Хали (54) изјави за BAZAAR.com: Една од придобивките на стареењето – има многу – но една од нив е што повеќе не ви е гајле за многу работи кои претходно ви пречеле. Таа всушност го употреби изразот „you just start to not give a f*** anymore“ и потоа се пошегува: „Извинете го мојот француски јазик“.
View this post on Instagram
Sвездата на „Џон Вик“ се отвори и за нејзиниот однос кон социјалните мрежи.
Хали има 6.8 милиони следачи на Инстаграм и 368.900 фанови на Твитер, и таа сака да им ја покаже на луѓето нејзината вистинска личност далеку од црвениот тепих и улогите на филмското платно, нешто што смета дека е „ослободувачко“.
„Да се биде на Инстаграм навистина ослободува … Со социјалните мрежи, можам да контролирам што луѓето знаат за мене и како тоа го презентирам,“ вели таа.
„Мислам дека тоа ме поврзува повеќе со сите, и тоа е убаво.“
„Тие сакаат да видат дека уживате во добар коктел или дека сте насмеана, можете да облечете секси фустан и да се чувствувате добро, и може да учествувате во глупави Интернет предизвици и да читате кул книги.“
Хали Бери е позната по нејзиниот позитивен став кога станува збор за грациозно стареење.
View this post on Instagram
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа