Хакирани неколку владини веб-страни во Црна Гора

Неколку владини веб-страници во Црна Гора се погодени од „невиден“ сајбер-напад. Од Владата велат дека се преземени навремени мерки за да се ублажи неговото влијание, пренесува „Ројтерс“.

„Одредени услуги беа привремено исклучени од безбедносни причини, но безбедноста на профилите на граѓаните и компаниите и нивните податоци не е загрозена“, објави на Твитер министерот за јавна администрација Мараш Дукај.

Дукај вели дека нападот, кој започнал во четвртокот навечер, личи на неколку други кои биле забележани во изминатите неколку години во Црна Гора, а Подгорица веќе ги информирала своите сојузници за ваквите напади.

„Упорен и тековен сајбер-напад е во процес во Црна Гора“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Подгорица. „Нападот може да вклучи прекини во јавните комунални претпријатија, транспортот (вклучувајќи ги граничните премини и аеродромите) и телекомуникацискиот сектор“.

 

26.08.2022 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега