Хакери ја нападнаа најголемата компанија за преработка на месо во светот: Можен е и скок на цените

Најголемата светска компанија за преработка на месо, ЈБС, беше цел на софистициран кибернапад, поради што нејзините погони во Австралија, Канада и САД беа привремено затворени, објавија американските власти. Компанијата верува дека нападот го извршила криминална група која најверојатно се наоѓа во Русија, објави Белата куќа.

Компјутерските мрежи на ЈБС биле нападнати, нарушувајќи ја работата на илјадници работници, објави Би-би-си. Нападот може да доведе до недостиг на месо или пораст на потрошувачките цени.

Во ваков вид напади, хакери влегуваат во компјутерска мрежа и се закануваат дека ќе ги нарушат или избришат датотеките доколку не добијат пари.

Белата куќа соопшти дека Федералното биро за истраги го истражува нападот.

„Белата куќа директно соработува со руските власти во врска со ова и ја пренесува пораката дека одговорни држави не им даваат прибежиште на криминалци кои уценуваат“, изјави портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

ЈБС објави дека остварил „значителен напредок“ во решавањето на овој кибернапад и дека се надева дека повеќето од фабриките ќе профункционираат веќе утре.

02.06.2021 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега