Гутереш: Светот се соочува со најголемата криза од Втората светска војна

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со најголемата криза од Втората светска војна.

Според него, пандемијата од коронавирусот се заканува на луѓето во сите земји и оти ќе го деведе до рецесија каква што немало во блиското минато.

Гутереш вели дека постои ризик дека комбинацијата од болеста и нејзиното влијание на економијата ќе придонесе до „нестабилност, поголеми немири и засилени судири“.

Тој повика на посилен и поефективен одговор на пандемијата и на социо-економските последици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега