Гутереш предупреди: Руската анексија на украинските територии ќе предизвика ескалација на ситуацијата

 

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила изгледите за мир во регионот, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

„Секоја одлука да се продолжи со анексијата на украинските региони Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје нема да има правна вредност и заслужува да биде осудена“, изјави Гутереш за новинарите, пренесе „Ројтерс“.

Кремљ претходно денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин утре на церемонија во Москва ќе ги потпише документите за пристапување кон Русија на украинските територии на кои се одржа референдумот.

29.09.2022 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега