Гутереш порача: Руската вакцина за Ковид 19 може да игра многу важна улога во борба против пандемијата

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш смета дека руската вакцина против Ковид 19 може да игра голема улога во борбата против пандемијата, а се надева дека СЗО наскоро ќе ја одобри.

„Единствен условкој ОН го имаат во врска со вакцината е да можеме да ја користиме само ако СЗО ја одобри. Знам дека во овој момент постојат контакти меѓу руските власти и СЗО, се надевам дека низ нив на најбрз можен начин ќе дојде до одобрување или признавање за ефикасност на руската вакцина“, рекол Гутереш во интервју за ТАСС.

Генералниот секретар на ОН смета дека е важно имунизацијата да биде достапна за сите во секој момент.

„Руската вакцина може да биде корисна во многу мисии на ОН, а во некои чувствителни делови на светот, каде ќе биде потребна вакцина за нашите вработени или жители кои помагаат во мировни операции“, додал Гутереш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега