Гутереш бара крај на „кошмарот“ во Идлиб

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика да запре „сега и веднаш” „хуманитарниот кошмар” во сириската провинција Идлиб, но не онајави никаква иницијатива за прекин на конфликтот во областа.

 

– Пораката е јасна. Нема воено решение за сириската криза. Единствено решение е политичкото. Важно е да се разбие маѓепсаниот круг на насилство и страдање, рече Гутереш пред новинарите.

Околу 900.000 луѓе ги напуштија своите домови во Идлиб од 1 декември. Меѓу нив се над 500.000 деца.

– Потребна е хуманитарна помош за 2,8 милиони луѓе во северозападна Сирија, рече генералниот секретар на ООН, барајќи дополнителни 500 милиони американски долари за покривање на трошоците за хуманитарна помош во текот на следните шест месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега