Gulf Oil во поддршка на државата за зголемување на стабилноста на пазарот

Со цел намалување на злоупотребата на гориво, почист воздух и безбеден транспорт, Gulf Oil ја поддржува во целост инцијативата на стопанската комора за изедначување на акцизата на Екстралесното гориво со акцизата на Дизел горивото.

Многу често се случува злоупотреба на Екстралесното масло за греење, кога се користи како погонско гориво што е спротивно на сите регулативи и го зголемува загадувањето на воздухот 100 пати повеќе, за разлика од Дизел горивото. Изедначувањето на оваа ставка ќе значи дека оние кои го правеа ова, нема да имаат никаква корист ниту мотивација да продолжат да користат Екстралесно како погонско гориво. Оваа промена дополнително ќе ја зголеми стабилноста на пазарот и ќе го регулира текот на нафтата и нафтените деривати, но придобивките ќе ги почувствуваат и останатите стопанственици.

Со воведување на оваа промена, ќе се почувствуваат евидентни разлики и сите ќе бидат во добивка. Ќе имаме почист воздух, намалена злоупотреба на горивата и стабилизирање на пазарот. На крајот сакаме да потенцираме дека промените се двигател на општеството, особено во вакви случаеви кога не постојат контра аргументи и е за доброто на сите граѓани на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега