Фудбалерот Немања Гудељ ужива во хармоничен брак со Анастасија Ражнатовиќ, а неговата објава на социјалните мрежи денес предизвика бројни реакции.

Гудељ и Анастасија моментално живеат во Шпанија, каде што градат мирен семеен живот заедно, а нивните објави често сведочат за искрена љубов и меѓусебна посветеност.

Овој пат, фудбалерот сподели порака која зборува за улогата на сопругот во бракот.

„Чувањето на мирот во семејството е Божја заповед. Сопругот е должен, според светиот апостол Павле, да ја сака својата жена како себеси. Апостолот ја споредил жената со Црквата. Таква е возвишеноста на бракот“, пишува во објавата на Гудељ на која ја означил и својата сопруга Анастасија.

Неговата објава предизвика бран коментари на поддршка и пофалби, а многумина истакнаа дека двајцата се пример за хармоничен и духовно исполнет брак.

Exit mobile version