Групна тепачка во велешко - со исеченица на главата момче однесено во болница

Во велешкото село Мелница синоќа околу 19:15 часот по претходна караница помеѓу 46-годишниот Р.Р. и 28-годишниот Ш.М, двајцата од село Мелница настанала физичка пресметка меѓу две групи од по три лица, при што со повреди се здобил Ш.М.,информираат од СВР Велес.

Повредениот  бил пренесен во болницата во Велес, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

Од ЈЗУ Општа болница Велес како што информира за МИА портпаролот Тодор Јаковлевски, повредениот Ш.М. во тепачката се здобил со исеченица на главата. Утрово бил пуштен на домашно лекување.

За медицинска помош во болницата во Велес се јавиле и некои од останатите учесници, а кои полесно поминале во оваа тепачка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега