Групна тепачка во Прилеп заврши трагично: Едно лице почина додека друго повредено со остар предмет

 

Во групна тепачка вчера во Прилеп загинало едно лице, а друго е повредено со остар предмет.

„На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп.“ информираат од полиција.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата во понатамошната пресметка.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега